Грижа и одржување на вашиот под од природно дрво

Дрвените подови кои Ви ги нудиме, и по години употреба изгледаат нови и убави како денот кога сте ги купиле ако правилно се чистат и одржуваат.
Неколку совети од нашиот пaртнер BOEN FLOORING, бренд на високо квалитени трослојни паркети ексклузивно достапни во Лав Комерц:
• Сопрете ја прашината на влезот од вашата просторија: поставете чергичиња на влезот во просторијата, бидејќи нечистотијата и песокот може да се однесуваат како шкурка.
• Избегнете гребнатинки и стружење на површината: поставете заштини подлошки на столовите, масите и друг мебел кој има помала површина која допира до подот, за да го заштитите од можни оштетување.
• Редовно чистење на подот: Правосмукајте ја прашината редовно. Поттурање на течност треба да се избрише веднаш, за превенција од апсорпција на влагата во дрвото.
• Лакираните подови треба да се чистат со синтетичко средство за чистење (кое не содржи масни состојки), додека маслените подови се одржуваат со средство на база на сапун кој содржи масна компнента.
• Редовното одржување со специјално средство за паркет има улога на природен навлажнувач, што ќе придонесе површината на паркетот да стане порезистентна на флекање, абење и трошење на површинскиот слој.
Повеќе совети прочитајте во брошурата за одржување на трослоен паркет :

Повеќе совети и видеа за правилно одржување на дрвените подови можете да видите овде.