Како да ги одржувате подовите чисти?

Деновиве, лекарите ширум светот и кај нас препорачуваат да го ограничиме движењето на минимум и да останеме дома во кругот на семејството. Во вакви услови, одржување високо ниво на хигиена во домот е непобитен приоритет, а особено е важно темелно чистење на вашите подови.

Еве неколку совети околу одржување на различни видови на подови  во вашиот дом.

Како се одржува паркетот?

Паркетот е под изработен 100% од природно дрво. Благодарение на лаковите и маслата со кои надворешно се заштитуваат даските, се спречува задржувањето и размножувањето на бактерии на површината. Сепак за обезбедување на оптимални услови на хигиена, потребно е редовно одржување и повремено  интензивно и темелно чистење на подот.

Што се подразбира под секојдневно чистење?

Секојдневната рутина за чистење на вашиот паркет се состои од правосмукување и бришење на подот со сува крпа.

Еднаш неделно, покрај редовната рутина, исчистете го паркетот со влажна крпа натопена во соодветно средство (лакираните подови со синтетичко средство за чистење, кое не содржи масни состојки, додека маслените подови се одржуваат со средство на база на сапун кој содржи масна компнента). Овие срдства се на алкална  база, а комбинацијата на активните супстанции овозможува многу ефикасно чистење на сите видови нечистотии.

После тоа пребришете со сува крпа со што би се избегнало било какво продирање на влага во споевите на паркетот.

Повеќе совети и видеа за правилно одржување на дрвените подови можете да видите овде.

Чистење на ламинат

Површинскиот слој на ламинатната плоча е изработен од антибактериска фолија која го спречува развојот на бацили и бактерии, го прави отпорен на дамки, а цврстиот систем за заклучување спречува нечистотија да влегува во споевите. Секојдневно чистете ги ламинатите со правосмукалка и пребришете ги со сува, микрофибер крпа.

Темелно чистење на ламинатот

За темелно чистење, 2 пати неделно користете специјално средство за ламинатни подови што ќе го нанесете со убаво исцеден џогер. Потоа пребришете со влажна крпа, за на крај да да финиширате со сува крпа. Доколку користите чистачи на пареа, задолжително темелно пребришете го подот со сува крпа.

Одржување и чистење на теписи

За да превенирате продирање на прав и нечистотија во подлабоките слоеви на тепихот, правосмукајте ги теписите 2 пати неделно. Доколку сакате темелно чистење на флората на тепихот, наш совет е да се обратите до професионален сервис за чистење, или во домажни услови коирстете средство со неутрална ph-вредност. За да се осигурате дека средството е адекватно, ставете мала количина на тацна и оставете го да отстои на радијатор 24 часа. Доколку има маслени остатоци, тоа средство не е соодветно и може да го оштети вашиот тепих. Никогаш не нанесувајте средство пред да правосмукате или истресете тепихот, бидејќи тоа додатно би ја залепило нечистотијата и би го отежнало чистењето.

Исто така, можете да подготвите средство од природни состојки во домашни услови. За истото, потребно е:

      • 300 ml јаболков оцет
      • 600 ml вода
      • 300 ml сок од лимон
      • 1 ќесичка сода бикарбона
      • неколку капки етерично масло

Натопете го сунѓерот во оваа течност, поминете го целиот тепих со исцеден сунѓер  и оставете да се исуши, па поминете го повтроно со мокра крпа натопена само со вода. Резултатот е темелно чист, свеж и миризлив тепих.

Обезбедете чиста и здрава средина за вас и вашите намили во домот, и уживајте здрави и безбедни во времето поминато зедно.