Како да го одберете најсоодветниот модел на ламинат за вашите простории? ( дел 2/2)

Дебелина на ламинат – дали овој параметар игра голема улога при изборот?

Нашето искуство укажува дека најголем дел од клиентите се одлучуваат за ламинат со дебелина од 8 mm и 12 mm.  Дебелината на ламинатот e важна повеќе од естетски аспект отколку од аспект на трајност на истиот, но сепак е индиректен фактор кој покрај класата како главен показател, влијае на трајноста и издржливоста на ламинатот.  Спектарот на дебелина на ламинатите се движи од 6 mm – 14 mm. Доколку сакате важиот под да имитира изглед и чувство на вистинско дрво, преопрачуваме да ставите ламинат со дебелина 10, 12 или 14 mm. Доколку сакате поекономично решение, имајте на ум дека само при идеално рамна површина може да поставите потенок модел од 7 или 8 mm.

Еве неколку предности на ламинати со поголема дебелина:

    • Создава чувство слично на она при чекорење по вистинско, солидно дрво;
    • Подетално гравирање на имитации на чворови и текстура на вистинско дрво кои се воочливи на допир;
    • Поголема дебелина – поголема резистентност на подот од ударни шокови;
    • Минимално создавање на ехо при чекорење;
    • Ламинатот со поголема дебелина е попогоден за поставување кога постојат одредени неидеалности на подот,

Но,  дали потенките ламинати имат некоја предност? – Одговорот е да, цената! Кога  подлогата е идеално рамна и се работи за простории кои поретко се коирстат, тогаш немате причини зошто да не одберетe потенок ламинат.

Модел со фуга или без?

Во асортиманот на  ламинати може да се најдат ламинати без фуга и ламинати со 2V (на два рабови) или 4V (на сите четири рабови) фуга.

Без двоумење, предност имаат ламинатите  со фуга, поради повеќе причини: восочната заштита на фугираните краеви ги решава двата најголеми визуелни проблеми на ламинатот: собирање на прашина и нечистотија долж спојките на ламинатните даски особено видливо кај посветлите модели и можноста за “раздвоени ” ивици на ламинатните ламели поради влага после џогирање.

           

Недостаток на подовите без фуга е и тоа што при мала нерамнина на подлогата, визуелно  ја издаваат нерамнината и ја потенцираат и најмалата разлика во нееднаквата висина на даските.

Не помалку важен е и визуелниот, естетски ефект и елеганција која ја оддава фугата во просторот. Сепак, не е случајност тоа што сите ламинати од највисока класа се со фуга…

Структура на површината

Структурата на површината на ламинатот е не помалку важен фактор во изборот. Фината површина оддава мошне реалистичен изглед на дрво и е вториот по ранг елемент, покрај бојата, на кој клиентите обрнуваат најмногу внимани. Текстури на вистинско дрво, со поблаги или повеќе изразени релјефи, ретро изглењд, рустикален ефект, мат или завршеток со висок сјај – изборот е голем, да се задоволат сите вкусови и преференции.

                   

Во салоните на Лав Комерц можете да најдете  најголем асортиман на ламинати во најразлични дебелини, модели и нијанси од реномирани европски брендови.