Комбинација на камен и винил – SPC е подот на иднината

SPC . кратенка од stone polymer composite , иновацијата на винилни подови со дебелина 4mm, чија подлога е изработена од комбинација на винил и камен – варовник се ултра издржливи, водоотпорни и погодни за поставување врз подно греење. SPC се идеално решение за секоја просторијa: дневна, спална, кујна и бања, како и зa маркети, кафетерии и други места подложни на вода.

SPC подовите се композиција на 3 слоеви:
– површински транспарентен слој, тестиран и рангиран со висока AC4/32 класа – обезбедува резистентност на дамки и гребнатинки;
– винилен слој – кој покрај бојата и текстурата, придодава кон карактеристиката за водоотпорност на подот;
– SPC јадро – комбинација на прав од камен – варовник и стабилизатор креира слој кој создава висока стабилност и водоотпорност

Предности на SPC подoвите

Како што напоменавме погоре, SPC подовите се новитет од производ во подната индустрија, кои за кратко време освоија голема популарност. Еве некои од предностите што ги прават овие подови толку популарни:

      1. 100% Водоотпорни

SPC подовите се целосно водоотпорни, што ги прави ултра-погодни за поставување во простории подложни на влага како супермаркети, кафетерии, но и бањaтa и кујнaтa во домот.

      1. Неверојатно стабилен и траен

ЅРС подовите се карактеризираат со максимална стабилност и цврстина. Густината  на композитот од камен-варовник и поливинил ги прави резистентни на оштетувања од  прекумерна тежина и притисок.  Исто така површински , ЅРС подовите се отпорни на гребнатинки и дамкање, што ги прави идеално решение за простории со висока фреквенција на движење.

Стабилноста е уште една важна карактеристика на овие подови и истите можат да се инсталираат во простории осетливи на влага и температурни варијации. Ригидната и набиена основа не дозволува контракции на подот, што оди во прилог на неговата резистентност на температурни разлики.

Eco Waterproof SPC Flooring Rigid PVC

      1. Пријател на здравјето и на животната средина

SPC подовите се најновиот додаток во колкецијата винилни подови, решение кое не содржи никакви пластификати или формалдехид, што го први целосно безбеден за децата и домашните миленичиња. Исто така варовникот кој е во состав на ЅРС емитира многу ниски емиисии на јаглерод диоксид.

      1. Лесен за инсталирање

SPC се поставуваат со помош на клик систем, што ги прави многу полесни за поставување отколку винилот кој се лепи. Погодни се за поставување врз стари подови и малку нерамни површини.

      1. Лесни за одржување

SPC подовите се лесни за чистење и одржување. Се одржува едноставно со џогирање со вода и детергент, без притоа да го отстранувате вишокот на влажност од површината. Подот исто така е хипоалергенски- не абсорбира прашина, што го прави одличен за луѓе со астма и алергии.

Во варијации на бои и дезени,  голем дел имитација на дрво, и со поволна цена за производот што го добивате,  SPC подовите се примамливо решение кога ви треба под на кој можете да му верувате.