Пречекајте ја пролетта со нов изглед на вашиот дом

Пролетта само што не престигнала во нашите краишта, а плановите за реновирање и освежување на домот се во полн ек. Уредувањето на нашиот дом секогаш претставува големо задоволство, но и предизвик да се направи соодветниот избор на бои, материјали и детали, вклопувајќи ги во една хармонична, креативна и топла ентериерна целина.

Еве некои трендовски идеи кои енетериерните гуруа ги предлагаат оваа пролет.

50 нијанси на морнарско плаво

Апсолутен хит за престојната сезона се ѕидови обоени или украсени со детали во нијанси на морнарско плаво. Комбинација на неколку нијанси на плаво, еднобојни ѕидови или пак прошарување со дизајнирани тапети, кои патем повторно стануваат „must-have” детал, изборот единствено се темели на сопствениот вкус и визија за изглед на просторот. За посмелите и креативни духови, комбинација со окер-жолта или маслинесто-зелена ќе даде уникатен печат.

         

Сепак, имајте во предвид дека доколку се одлучите за потемна боја на вашите ѕидови, препорачливо е да го надополните декорот се светли и природни нијанси на под, со што би постигнале визуелно зголемување на просторот.

Вдахнете природност и индивидуалност со подови од вистинско дрво

Доколку се решите  за реновирање оваа пролет, поставување на нов под во вашиот дом ќе направи целосен makeover на просторот. Паркетот е под кој е изработен 100% од вистинско дрво, материјал кој му дава на просторот да дише, исклучиво издржлив и траен поради можноста површински да се обновува повеќе пати.

Години наназад трослојните, готови паркети  се првиот избор на архитектите ширум Европа, а и сé почест избор на клиентите во нашата земја, како поради големиот избор на дизајни и бои, така и заради скратување на времето за поставување на подот од две причини: даските се ready-to-use, завршно обработени со лакови или масла, a иновативниот клик систем овоможува значително скратување на времето за монтажа.  Архитектите ширум светот наведуваат дека новиот тренд за 2020  е инспиран од индивидуалност, а токму кај трослојните паркети секоја даска изобилува со специфичност, единственост и карактер. Во салоните на Лав Комерц ќе најдете повеќе од 150 модели на трослоен паркет од реномирани европски брендови.

Игра на бои и детали

Доколку, сепак не сте подготвени да направите масовни промени во домот, поиграјте си со деталите, кои иако навидум мали, можат да му дадат целосно нов и освежен изглед на просторот. Бидете смели и играјте со боите и мотивите на завесите, или целосно тргнете ги и дајте му нота на нордиски минимализам на вашиот простор. Декоративни перничиња се друг детал кој брзо и ефикасно ќе го оплемени вашиот простор. Ентриерните дизајнери советуваат перничињата да ги изберете како контраст на елементите на подот и бојата ѕидовите, за постигнување на максимален ефект.И, секако, теписите се детал кој е највоочлив во простории како дневни соби и трпезарии, па така, со мала инвестиција, секоја сезона можете да имате нов и свеж изглед во домот. За престојната пролет-лето сезона, ве советуваме да изберете ментол-зелена или виолетова боја , а доклку преферирате покласичен стил,  теписите во кои се прошаруваат црни детали ќе внесат елеганција и префинетост во целиот ентериер. Новата колекција на теписи е веќе достапна во нашите салони.