Skip to content Skip to footer

Зошто да изберете дрвен под?

Живееме во време на иновации кои се преселија и во секојдневниот живот. Градежништвото и архитектурата користат нови материјали и современи технологии кои сѐ повеќе се користат во индустриите. Не се разликува ниту во светот на подовите, кој во последните неколку децении е значително збогатен со нови типови на подови базирани на нови материјали.

Сепак, заедно со сите новитети, еден од најстарите материјали во светот опстојува и е многу популарен од дамнешните години па сѐ до денес, задржувајќи ја својата безвременска вредност низ долгата историја – Неговото Височество Дрвото. Зошто сè уште е омилениот избор и зошто е најдоброто решение за под?

Дрвото секогаш било популарно како подна облога, бидејќи природноста на овој материјал е едноставно незаменлива. Дрвото е секогаш оригинално, не имитација, а ова може да се види и почувствува со секој чекор врз него. И бидејќи секое дрво е толку различно и има свои сопствени карактеристики, секој дрвен под е уникатен и станува сѐ поубав со текот на времето.

Дрвениот под, исто така, има многу придобивки за внатрешната средина, бидејќи пред сѐ дрвото е природно, антибактериско, антистатичко, еколошко, хигиенско и поради тоа е особено добро прилагодено за оние кои страдаат од алергии. Благодарение на неговите хигроскопски својства, дрвото може да ја отстрани или додаде влагата од или во амбиенталниот воздух, со што се подобрува климата во просторијата.

Листата на поволности кои дрвените подови ги нудат е долга и значително се прошири во последниве години благодарение на големиот број иновации во индустријата. Денес, иновативните површини и подобрените својства значат дека дрвените подови можат да се користат во поширок опсег на средини, како што се во домашни, така и во комерцијални простории со голема фрекфенција, или во простории каде традиционално се поставуваат други видови на подни облоги, како што се кујни и бањи. Тврдото дрво е супериорно во однос на другите подови во многу аспекти, особено кога луѓето ја ценат природноста, здравјето и стилскиот амбиент.

Фабрички завршно обработените паркети донесоа радикални промени во индустријата. Овие паркети фабрички пристигнуваат обработени со лак, масло или восок, а останува само да се постават. Повеќеслојните готови паркети му донесоа исклучителна димензионална стабилност на дрвото, благодарение на нивната конструкција. Имено, слоевите од дрво се лепат попречно еден до друг, со што се намалува обработката на дрвото. Најпопуларните се трислојни со дебелина од 14-15 мм. Тие значително ги забрзаа завршните работи при поставувањето, односно овозможија побрзо и поедноставно реновирање. Стабилноста на конструкцијата овозможува сува монтажа или „лебдечко“ поставување, без лепење (иако може да се лепат по желба), без прашина и непријатни мириси, брзо и лесно, со релативно ниски трошоци во однос на поставувањето.

Овие паркети исто така го решија проблемот со дрвото при подно греење. Имаат оптимална топлинска спроводливост и термичка отпорност, а дрвото одржува димензионална стабилност, односно нема појава на набабрувања или било какви деформации. Порано, доколку е поставен систем за подно греење се препорачуваа керамички плочки, камен или мермер. Денес, со новите паркети добивме подна облога која е топла во сите годишни времиња. Во овој случај, тие мора да бидат залепени на целата површина на подот.

Денес, на пазарот покрај класичните дрвени видови како даб, бука и орев, сега можат да се најдат и многу егзотични дрвени видови за кои не ни помислувавме дека постојат, како ироко, бамбус, американски орев, бразилска цреша итн. Палетата на нијанси стана прилично богата – од бела до црна, од целосно светла или златно жолта, до боја на темно чоколадо и сите нијанси на црвено. Завршните обработки се исто така многу разновидни, па паркетите можат да бидат обработени со лак, масло или восок, и да имаат сјаен, мат, полумат и сатенски финиш.

Дрвениот под е природен, топол, со прекрасни бои, текстури и сјај. Тој е издржлив ако се грижите внимателно, еколошки е без било какви штетни материи. На корисникот му обезбедува широк избор на видови, третмани, како и начини на уредување на просторот. Современите дрвени подови им овозможуваат на луѓето да живеат на здрав и удобен начин и повеќе од другите површини во внатрешноста да претрпат оптоварување, абење, валканост, агресивни материи од хигиенски производи и сл. Низ историјата, дрвото се покажало како материјал кој совршено ги исполнува сите барања што се бараат од него за таа цел, а во исто време, во однос на естетскиот избор, било и останало со векови на врвот на подовите.

Ниту една друга подна покривка не обезбедува таква врска со природата како онаа што ја постигнуваме кога газиме на дрво со боси нозе и го чувствуваме секое зрно и секоја клетка на дрвото. Ниту една друга подна облога не е толку единствена и неповторлива, топла на допир, а сепак издржлива и ниедна друга површина не старее толку убаво како дрвото.

Природните промени во бојата на дрвото и малите гребнатинки со текот на времето му додаваат карактер и дополнителна вредност на подот. Украсен е со безвременска елеганција која одговара на секој ентериер. Во исто време, тој е еколошки и обновлив, традиционален и модерен, конзервативен и иновативен, рафиниран и суров, исто како и времето во кое живееме.

Да сумираме, еве неколку клучни карактеристики што ги прават висококвалитетните дрвени подови толку вредни:

  • Како природен производ, секој дрвен под е уникатен и ги отсликува сите елементи на дрвото.
  • Во однос на дизајнот, добриот дрвен под е безвременска класика која нуди бројни опции за дизајн со различни формати, шеми, завршетоци и структура.
  • Висококвалитетните дрвени подови ја одржуваат и ја зголемуваат вредноста на имотот за идните генерации.
  • Дрвените подови може да траат со децении доколку се добро негувани.
  • Дрвото е исто така антибактериско и антистатичко по природа. Прашината може лесно да се отстрани. Ова го прави дрвениот под погоден за оние кои страдаат од алергии.
  • Дрвените подови помагаат во регулирањето на внатрешната клима, обезбедуваат природна топлина и хармонична средина за живеење.
  • Природните, висококвалитетни дрвени подови не содржат супстанции и емисии кои се штетни за здравјето.
  • Дрвените подови се еколошки и одржливи. Тие се произведени од обновливи суровини и може да се рециклираат на крајот од нивниот животен век.
  • Дрвото е природен складирач на CO2 и продолжува да складира CO2 дури и откако ќе се претвори во дрвени предмети.

Во нашите салони ќе пронајдете широк асортиман на квалитетни дрвени подови од светски реномирани брендови во огромен избор на бои и декори кои ќе ви овозможат да креирате оригинален ентериер.

Погледнете дел од асортиманот на трослојни паркети, или посетете ги нашите продажни салони во Скопје и Струмица.

Leave a comment

Go to Top