Квалитетен паркет и ламинат 

Cart 0

Нешто за нас…

Компанијата ЛАВ-КОМЕРЦ постои 21 години, од кои веке 19 години се занимава со продажба и монтажа на секаков вид подови. Оваа компанија е фамилијарна компанија, која се состои од 26 редовно вработени лица и околу 18 надворешни соработници, со различни ангажмани.

Моментално располагаме со два изложбени салона во Македонија и два магацина за складирање, во Скопје и во Струмица.

Целта и принципите на нашата компанија е фер и долгорочна соработка, континуирано подобрување на квалитетот на услугите и производите, континуирани обуки на сите вработени и задоволни коминтенти. Еден од основните водечки принципи е ниту еден клиент да не остане незадоволен, ниту еден проблем да не остане нерешен. Спремни сме за секаква соработка, секогаш флексибилни со цени, најголем избор и количини на лагер, и што е најбитно од се, водечка компанија во нашата држава, тргнувајки од брзина, квалитет, цени и досега изработеното. Моментално нашата компанија соработува со неколку светски брендови, а се надеваме на проширување на нашата палета на производи.

Ве покануваме да не посетите во постоечките изложбени салони.